Малото девојче кое сонуваше да стане виолинистка

0

Сакам да ви ја раскажам приказната за малото девојче кое сонуваше еден ден да стане виолинистка.

Најнапред, тоа беше едно мало девојче кое живееше неколку куќи над мојата. Наликуваше на мала принцеза со нејзините руси кадрави коси и светло сините очиња кои чиниш секој момент ќе ти прозборат. Нејзината насмевка беше најмилата работа која може да му се случи на човек.

be989fdc-3a9a-477c-b72f-976e9be1a474

За нејзиниот четврт роденден, таа доби подарок виолина од својот татко. Поминуваше часови и часови со својата нова играчка… Низ маалото, за некое време се разлеваа волшебните акорди на инструментот.

Тоа девојче сонуваше дека еден ден ќе стане виолинистка. И дека ќе биде најубавата жена на светот.

Растеше со музика, се хранеше со ноти, чиниш целиот свет и беше сцена. Секогаш насмеана и ведра, велеше дека еден ден ќе стане многу позната…

5065a58b-a656-4b5e-9865-66b5b8310991

По неколку години музичко образување, таа го освои градот, земјата, регионот. Наскоро се наближуваше денот кога требаше да го освои светот и нејзиниот сон да стане реалност.

Истиот тој човек кој пред години и ја подари првата виолина,нејзиниот татко, сега ја натера да запише студии по медицина. Сонот на едно девојче згасна низ долгите ходници и белите мантили.Сонот на едно девојче кој можеше да биде магично секојдневие згасна поради амбициите на родителот. 

c0cc2ec1-7e04-468c-992a-b283716ff336

Нека биде лекција за сите родители, оставете ги вашите деца да сонуваат, оставете ги сами да откријат со која цел се на овој свет, оставете ги сами да откријат кое е нивното место под сонцето.

Не ги остварувајте вашите неисполнети соништа преку децата. Вие немате никакво право на тоа. Не се трудете вашите деца да бидат тоа што сакате вие. Оставете ги да бидат свои. Да го работат она што го сакаат. Да го истражуваат токму она што им го зголемува адреналинот. Не им ја кратете среќата заради вашата  навидум лична среќа!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.