Малку стрес не е на одмет

0

Експериментите спроведени на лабораториските животни покажуваат дека повремениот краток стрес може позитивно да влијае на имунолошкиот систем.

Американските научници од универзитетот Стенфорд нагласуваат дека овие сознанија прво треба да се потврдат во истражувањата спроведени на луѓе. Според нивните зборови, софистицираниот координиран состав во организмот по детектирањето потенцијална опасност преку излачување на хоромонот на стресот овозможува почеток на подготовките за заштита и засилување на дејството на имунолошкиот систем.

Анализата на крвта на искористените животни покажала дека кусата изложеност на стрес доведува до зголемување на присутните специфични агенси на имунолошкиот систем кои се пресудни за борба против низа заболувања.

Причината за тоа било засиленото излачување на трите хормони на стресот – норепинефрин, епинефрин и кортизол.

Затоа, не се секирајте, малку стрес може да биде позитивен за вас и вашето тело.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.