Малите нешта го прават животот голем

0

Сонуваме за големи домови, уредени по наша мерка, за луксузни вили на уште полуксузни дестинации, за брзи автомобили и подзабораваме дека животот е во малите нешта, секундите кои не растреперуваат, моментите кои ни предизвикуваат насмевка…

Направете си листа на сите оние мали нешта кои ве прават среќни, носете ја секаде со вас, па кога нешто или некој ќе ве онерасположи почнете со читање на листата. Секој ден правете по некоја ситница која ќе ви развлече насмевка… Најдете ја убавината на малите нешта и дозволете денот да виде голем, убав и спокоен.

Нештата кои се мали, а ме прават да се чувствувам толку големо:

  • Неговата прегратка, најудобната перница која некогаш сум ја имала
  • Мирисот на море
  • Детски очиња кои љубопитно го впиваат светот, детски рачиња кои се учат да гушкаат
  • Вкусот на првото кафе, рано наутро, додека сите спијат и царува тишината
  • Адреналинот при екстремни спортови
  • Пишувањето на убави пораки на уште поубави картички за најмилите
  • Моментот кога заспивам на штотуку испрана постелнина
  • Она кога ручекот ќе испадне баш како сликата од рецептот
  • Кога ќе здогледам баба и дедо кои сè уште се држат за рака
  • Првите чекори во нови чевли
  • Случајно пронајдениот споменар од основно
  • Откривање на нови дестинации
  • Лежење во недела попладне
  • Сите смешни собири со другарките кога очите ми се потечени од плачење и вилиците ме болат од смеење
  • Гледањето ѕвезди
  • Прв свадбен танц на мои драги луѓе
  • Роденденски изненадувања за саканите
  • Сонување со отворени очи кога натежнуваат проблеми
  • Првиот сладолед секое лето
  • Летен дожд сред пеколен ден
  • Благодарност во нечиј поглед
  • Она чувство дека душата може да ти излета од толку радост

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот