Малиот руски рецитатор кој ќе ви ја стопли душата

0

Владимир Височки е руски поет, текстописец и пејач, кој живеел од 1938 до 1980 година. Бил познат по неговиот уникатен стил на изразување и на пеење.  Една од неговите најпознати песни била  “Јас не сакам”, која ова преслатко детенеце, Евгениј Лебедин ја рецитира на руско талент шоу. За да го доживеете вистински малиот рецитатор, погледнете го прво видеото.

“Јас не сакам фатален исход,никогаш не се уморувам од животот

Не сакам ниту едно годишно доба кога не ги пеам своите песни

Не сакам отворен цинизам, не верувам во занес,

Не сакам кога некој ми ги чита писмата гледајчи преку моите рамена

Јас не сакам ништо половично или пак кога некој ми го прекинува зборот

Јас не сакам кога ми пукаат во грб или од непосредна близина.

Не сакам надмена гордост, жалам што “честа” е заборавен збор

И тоа што се цени озборувањето зад грб

Јас не се сакам ниту себе кога сум кукавица и не можам да трпам кога невините страдаат,

Јас не сакам кога ми гледаат внатре во душата, а уште помалку кога во неа плукаат

Јас не сакам ниту циркуски арени каде милионите се менуваат за облека

Иако пред нас се големи промени,

Јас то никогаш нема да го сакам!”

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.