Мали и слатки подароци за Свети Валентин

0

Не стигнавте на време да купите подарок за другата половина, немавте време, заборавивте или која и да е причината сега е неважна. Тоа на кое треба да се фокусирате е подарок за кој нема да потрошите многу време, а ќе изгледа слатко и симаптично.

Термо чаша со срце

4e30fe8e0f5c9f214d02f271c3bcf4a2

Шармирајте го партнерот со една ваква чаша. Срцето ќе се полни и ќе менува боја, како што топлата течност ќе ја ставате внатре. Ако не сте во можност да најдете термо чаша, обичната ќе заврши работа само потрудете се да има убава посвета на неа.

Чорапчиња со срце

1181_LRG1

На прв поглед ќе си речете „Зошто чорапи“ но ако ги најдете вистинските во тој случај имате полн погодок.Еве уште една идеја. Купете подарок плус и ставете го во чорапчето, ќе изгледа занимливо и будалесто, ама верувајте партнерот нема да го заборави овој Валентин.

Омилениот филм

3a559aa75fa63aae8ddbd7de52defce5

Сигурно партнерот има омилен љубовен филм.Ако сте подолг период заедно, иако никогаш нема гласно кажано, вие треба да знаете на кој филм понекогаш сака да ги скрие емоциите. Подарете го токму тој  и уживајте вечерта во негова домашна кино проекција.

Албум со фотографии

dsc_00031

Не кои било фотографии, туку вашите омилени, заеднички фотографии кои двајцата ги сакате. Извадете ги од дигитална папка, веднаш на развивање во фото студио имате совршен подарок.

Пикник појадок

julia-child-love-05

Без разлика на утрешната временска прогноза, дали ќе има сонце или дожд, вие спакувајте една торбичка или кошничка и на пикник. Ако има сонце, постелете ќебенце, извадете го појадокот и послужете. Ако пак врне, нема паника. Сите парк шуми имаат по некоја сеница каде ќе може да појадувате заедно и да уживате во неделното Св. Валентин заедничко кафе.

Колаче „Те сакам“

f2aa3c7cd8c68c516495b3e6d47a0e05

Ова секогаш е симпатично и убаво да се подари. Ако сте женско, направете го сами и со чоколадни топчиња напишете „Те сакам“. Ако сте машко, тогаш побарајте помош за правење и печење од женските пријателки или вашата мајка и истата постапка. Само не заборавајте да го ставите зачинот на љубовта – цимет!

Што и да одберете, ако го направите со многу љубов нема да има промашување. Подароците не мора секогаш да бидат скапи, туку гледајте да бидат емотивни и значајни за двајцата. Во тоа е целата суштина на подарување за Свети Валентин.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.