Мал Версај, преубавата ботаничка градина во Копенхаген

0

Ботаничката градина во Универзитетот во Копенхаген е вистински сон на сите љубители на растенијата – девет илјади различни вида растенија можат да се најдат на ова уникатно место.

Ботаничката градина е сместена во самиот центар на главниот град на Данска. Се простира на површина од десет илјади хектари, и позната е по својот комплекс стаклени градини кои се направени уште далечната 1874 година. Таа е дел од Националниот историски музеј кој е во рамките на Факултетот за науки при самиот Универзитет.

Влезот во оваа градина е бесплатен, нејзините врати се отворени за сите. Таа е сега поубава и поатрактивна од кога било порано. На посетителите им нуди бројни содржини, а во нив влегуваат и стаклени градини, музеи, хербариуми, библиотека, но и можност за купување растенија, семе и опрема за сами да си ја уредите сопствената градина.

Благодарение на преубавите зданија кои можат да се видат во неа, таа во вистинска смисла на зборот е „Мал Версај“.

Бидејќи во градината има преки 9000 различни видови растенија, таа претставува најголема колекција со живи растенија во цела Данска. Оваа единствена колекција е позната и надвор од границите на земјата. Голем дел од нив научниците од Универзитетот ги користат за истражување.

 

Посебно се убави 27-те стаклени градини, а меѓу нив посебно место зазема т.н Куќа на палмите, која се простира на цели 3000 метри квадратни и се гордее со палма која стои на тоа место од 1824 година.

Посетата на ова место е навистина единствено искуство, па ако патот некогаш ве одведе во Копенхаген, таа нека биде вашата прва станица.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот