Македонски мајки и хипхоперки растурија на танцов натпревар

0

Мајките хипхоперки беа главната атракција на Меѓународниот Танцов натпревар Македонија Опен 2016. Одличната игра ја крунисаа со прво место и пласман во гала свеченоста каде се претставија најдобрите кореографии од вкупно 2500 танчери.

Мајките се од танцовиот клуб “Брејк а Лег” од Скопје и ова е прва воопшто ваква екипа во историјата на Македонскиот танц , која веќе претходно се натпреваруваше на Светското Првенство во Хип Хоп во Италија. Тие се ентузијасти и веруваат дека може да се промени свеста и стереотипите на ова поднебје и дека овој вид танц ќе биде се популарен кај повозрасната популација. Погледнете го видеото и уживајте.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот