Македонија првпат дел од главната филмска програма во Кан

0

„Сиера Невада“е филмот кој ја отвори вратата на Македонија да биде дел од главната програма на филмскиот фестивал во Кан.

„Како продуцент, морам да посочам дека ова е еден од моите најголеми успеси. Но, пред се, ова е голем ден за македонската кинематографија. Нема автор или продуцент, актер, филмски професионалец, кој не посакува да биде во Кан, во која било програма. На жалост, Кан многу малку знае за нашата кинематографија, и со овој успех, со оваа копродукција сметам дека пополека ќе започне да ни се отвара и Канската врата“, изјави Лабина Митевска.

„Сиера Невада“ е копродукција помеѓу Романија, Франција, Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска, а поддржан е и од Еуримаж. Францускиот ко-продуцент е една од највлијателните продуцентски куќи Wild Bunch. Ова филмско остварување е поддржано како малцински проект од страна на Агенцијата за Филм на Република Македонија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот