Македонија за првпат производител на маслиново масло

0

На македонскиот пазар за првпат се појавува маслиново масло со домашно производство.

Отсега ќе имате можност на вашата трпеза да приложите високо квалитетен производ со домашно производство. (за повеќе кликнете тука)

Маслиновото масло од ЕЛИКО Олива Гарден е наменето за употреба во исхраната како масло за зачинување на салати, преливи, сосови и сл. без дополнително термичко обработување, како и за масло за готвење (погодно за термичка обработка).

Mаслото ЕЛИКО Олива Гарден изобилува со витамини А и Е, заситени масни киселини (палмитинска, стеаринска, и други заситени масни киселини), незаситени масни киселнини (олеинска, линолеинска и други незаситени масни киселини) како и полифеноли кои се многу моќни антиоксиданти. Содржи и стероли, хлорофил, каротеноиди, токоферол, феноли и др., како и многу минерали меѓу кои калциум, магнезиум, железо, фосфор, калуим и др.

За компанијата:
ЕЛИКО Олива Гарден е компанија која прва го презема овој чекор и на граѓаните на нашата држава и овозможи квалитетно маслиново масло наменето за македонскиот пазар. Компанијата е со седиште во Скопје, а погонот се наоѓа во индустриската зона Раброво, Валандово каде има и плантажа на маслинки со површина од 3 хектари.

Во текот на оваа година е планирано подигнување на 4 нови хектари на маслинов насад. По однос на вкупно засадената површина ЕЛИКО Олива Гарден претставува сериозен производител на маслиново масло во домашни рамки.

Мисијата на компанијата е да се обезбеди автентичен и квалитетен производ за секојдневна вкусна и здрава исхрана.

Како резултат на иновациите во сите активности кои вообичаено претставуваат движечка сила за компанијата, а благодарение и на врвниот квалитет на производите кои ги нуди, флексибилност и конкурентни цени, ЕЛИКО Олива Гарден постојано стекнува нови пазари во земјата и пошироко.

Преку Фејсбук фан страната на ЕЛИКО Олива Гарден ќе имате можност да се запознаете со бенефитите од маслиновото масло и разните начини за негова употреба, околу историјата на одгледување маслинки, па се до употребата за производство на маслото, како и со карактеристиките на самиот бренд.

Преку веб страната на ЕЛИКО Олива Гарден ќе може да се запознаете со работата на компанијата, продуктите и информации околу производството на самото масло.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.