Макао, кинескиот Лас Вегас

0

Денеска, Макао е една од најпосетените туристички дестинации во светот. Само во 2015 година, во него влегле околу 30 милиони туристи. До „азискиот Вегас“ може да се стигне со траект од Хонг Конг или со авион од различни аеродроми во светот.

makao (5)

Најголем број туристи привлекуваат театарските програми во Макао. Во комплексот „City of dreams“ (Градот на соништата) се изведува претставата „The House of Dancing Water“ (Куќата на вода што танцува), во која учествуваат акробати, гимнастичари, нуркачи и танчери со фантастична кореографија и сценографија, вредни 250 милиони американски долари.

makao (4)

Друга атракција во Макао, која е погодна и за семејства е „Ice world“ (Ледениот свет), лоциран во хотелскиот комплекс „Venetian Macau“. Тука може да се видат дела на 50 скулптори кои работат со мраз од градот Харбин. Прекрасните уметнички творби се направени од над 10 илјади блокови мраз. Тие покриваат површина од 1.656 квадратни метри. Нивната температура е константна и изнесува – 8 степени Целзиусови.

makao

Во Макао актуелни се прошетките со гондола низ каналите на „The Venetian“, посета на урнатините на катедралата Сент Пол и птичјиот поглед од „Macau tower“. Гостите можат да уживаат и во бројните кабареа, боречкитe турнири, ноќните ласерски шоуа, концерти со корејска поп музика…

makao (3)

Она што најмногу го оправдува неговиот епитет „Лас Вегас на истокот“ се казината. Во него е сместено најголемото казино на светот, во сопственост на корпорацијата „Лас Вегас сендс“. Па покрај во убавините и забавата кои претходно ги наведовме, туристите можат слободно да ја испробаат и среќата. Последните статистики покажуваат дека Макао моментално е најголемиот центар за коцкање во Азија. Па затоа, не е ни чудо што огромен дел од неговите приходи се токму од игрите на среќа.

makao (1)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот