Мајстор за емоции -Мирослав Мика Антиќ

0

Мирослав Антиќ, или познат како Мика Антиќ е еден од најзначајните српски поети на минатиот век. Освен како поет има работено и како новинар, сликар, режисер… Мика Антиќ е импресивниот режисер на филмот „Доручек со ѓаволот“, кој во комунистичка Југославија беше осуден и забранет.

Како автор, пишувал најмногу за децата и младите, но има неколку негови стихови кои се за сите, најмногу за оние кои веруваат во вистинските чувства.

„Еден бродолом повеќе или помалку, за мене секако не ги менува работите и нема влијание на моето виножито.“

„Потпри го твоето време на моето. Вечноста подолго ќе вреди кога сме заедно.“

„Вечен е само оној кој нема поим што е тоа календар, часовник и историја. Привремените го измислиле времето.“

„Секогаш ми бегаш за една вчера, секогаш си далеку за едно утре.“

„Јас сум собирач на необични работи. Другите нека собираат значки и марки. Јас собирам денови, часови и моменти.“

„Би сакал сепак некаде да ги зачуваш моите далечни врвови на хоризонталата на твоето дно. И да ги пренесеш моите презрели очи низ тишината на туѓите очи и туѓите станови… и мојот октомври низ сите туѓи априли.“

„Навистина, ти мене толку прекрасно не ме познаваш.“

„За мене најубаво се грижат оние коишто ме оставаат на мир.“

„И се трпиме колку што можеме и лажеме дека се разбираме, се додека на крајот, заедно не стигнеме на истиот пат на две спротивни страни.“

„Богат сум. Имам очи. Раце. И џебови полни со добри зборови.“

„Љубовта е како силата: Колку повеќе ја трошиш, толку повеќе ја имаш.“

„Усните постојат единствено

за да поделиш со некого нешто свое

И да ти шепотат со шепотот на огнот…

И немој никогаш да ги даваш

Ако не умеат да ти ги вратат

Потопли, помеки, помлади и послатки.

Затоа што усните само затоа постојат,

Да скројат насмевка според твојата насмевка.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот