Мајкл Корс колекцијата мириси пристигнува во Македонија

0

Помеѓу сите дизајнери, Мајкл Корс им е омилен на сите вљубеници во модата. Има и зошто! Неговиот џет-сет став, уникатноста, заразниот ентузијазам за живот, неговата огромна љубов кон модата и козметиката го прават посебен. Корс е познат по тоа што со своите дизајни ги прави луѓето да се чувствуваат задоволно, опуштено, удобно и совршено во својата кожа.

Неговите дизајни се за жени кои го негуваат спортскиот, но истовремно и гламурозниот и секси изглед и за мажи кои сакаат да бидат во тренд. Брендот на Мајкл Корс го сочинуваат: колекциите Michael Kors collection, Michael by Michael Kors, колекцијата за мажи, колекцијата на очила за сонце, колекцијата на накит и колекцијата на часовници.

Сега, брендот Мајкл Корс е збогатен со линија на уникатни мириси. Ексклузивно, компанијата, Орбико ДОО ова лето на македонскиот пазар ги носи мирисите на Мајкл Корс кои се дел од Estee Lauder групацијата.

MK Collection EDP

Мајкл Корс за своите мириси смета дека се неговата најинтимна креација. Колекцијата ќе понуди 5 различни мириси за жените: Sexy Amber, Glam Jasmine, 24K Brilliant Gold, Rose Radiant Gold и Signature Woman. Ќе има и две одлични мирисни колекции за мажите: For Men и Extreme Blue.

Колекцијата на мириси ќе биде достапна во Anabella Beauty Spot парфимериите, Cosmo дрогериите и парфимериите Schatze.

Michael Kors Extreme Blue_120ml

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар