Мајкл Корс и Џими Чу најавија голема промена !

0

Збогум на крзното!

Среќната фамилија на модни брендови како Гучи, Армани, Хуго Бос, Стела Мек Картни и Нет а Портер, кои се одлучија да се откажат од користење на животинските крзна поради бруталноста врз животните кои се одгледуваат заради нивното крзно, сега се прошири за уште двајца членови, Мајкл Корс и Џими Чу.

Мајкл Корс најави дека во нивните дизајнирани парчиња повеќе нема да користат животинско крзно и со тоа се приклучија на фамилијата славни брендови кои одамна се откажаа од употреба на кожа и крзно во нивните дизајни.

Најавија дека во новата колекција без крзно која ќе може да ја видиме во месец февруари следната година, како замена ќе користат алтернативни материјали.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот