Мајките во Индија никогаш не ги казнуваат своите деца: Како се воспитуваат добри луѓе?

0

Родителите во Индија веруваат дека викањето или казнувањето на децата никогаш не би имало позитивен ефект врз нивното воспитување. Дури и кога се најмногу немирни, тие ситуациите ги решаваат на поинаков начин.

Да се биде добар

Децата во Индија уште од мали се учат да бидат добри кон сите живи суштества. Трпението е од големо значење и се смета за најголема доблест, а овие дечиња уште од мали растат во средина каде раздразливоста се смета за најлоша особина.

Контролирани информации

Родителите во Индија често го укинуваат гледањето на телевизија, освен кога се работи за емисии од уметноста или образованието. Овој пристап е важен особено затоа што интернетот и телевизијата со своите неограничени содржини може да влијаат лошо на младите, па дури да бидат и опасни.

Манирите на прво место

Индијките се особено внимателни со своите манири, и задолжително ги учат своите деца на фино и културно однесување. Кога детето има 2 години треба да му се прости ако си игра со храната, но на 10 години тоа е недозволиво.

Да се биде добар пример

Родителите во Индија се сигурни дека нивното однесување е најголем пример за своите деца. Затоа тие не држат предавања или објаснувања, туку преку своите примери сакаат да им објаснат на децата како треба да функционираат.

Блискост и поврзаност

Докторите во Индија препорачуваат мајките да спијат со своите деца додека се мали, како детето би почувствувало блискост од сакана личност а со тоа ќе се чувствува сигурно и безбедно.

Размислување на глас

Образовниот систем води сметка за духовноста и толеранцијата. Децата се научени да ги искажуваат своите мислења и да разговараат за нив. Тие дури имаат и часови за јога, памтење и смеење. Системот ги поттикнува да го откријат својот потенцијал во целост.

Учителите и наставниците мора да бидат толерантни и не покажуваат незадоволство и не бараат нешто што ни самите не би можеле да го направат.

Подобра верзија од себе а не некој друг

Главна цел е ученикот да се усоврши најмногу што може. Учениците не се споредуваат еден со друг, туку само со самите себе во минатото и сега.

Неформален став

Наставниците на децата во Индија не се воздржуваат да покажат љубов кон децата. Тие знаат да ги прегрнат или да ги пофалат кога се особено добри. Без двоење, секое дете добива еднакво љубов и внимание.

Извор: http://stil.kurir.rs/

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.