Махатма Ганди, човекот кој му служеше на народот

0

Мохандас Махатма Ганди е човек кој на свој начин го промени човештвото преку неговите силни пораки. Она што го разликува од другите е тоа што тој бил дијаметрално спротивен од она што денес се подразбира под „успешен политичар“ – тој му служел на својот народ, а не го користел за свои цели.

Ганди е роден во 1869 во семејство кое потекнува од крајбрежјето на Гуджарт, Западна Индија и бил школуван во здружението „Инер Темпл“ во Лондон. Тој бил првиот кој применил ненасилно граѓанско непочитување како иселен адвокат во Јужна Африка, во резидентната Индиска заедница за борба на човековите права.

Во 1915 година, по неговото враќање во Индија, Ганди се поставил за организирање на селаните, земјоделците и урбаните работници да протестираат против данокот за прекумерното земјиште и дискриминацијата. Во 1921 година, преземајќи раководство над Индискиот национален конгрес, Махатма Ганди водел национални кампањи за олеснување на сиромаштијата, зголемувајќи ги правата на жените, градејќи верско и етничко пријателство, стопирајќи го понижувањето на најниската каста во Индија но пред сè, се борел за постигнување на „Сварај“ или правило на самоуправување.

Ганди се обидел да применува ненасилство и вистина во сите околности и се залагал и другите да го прават истото. Тој живеел скромно во самостојно станбено заедништво и носел традиционално доти и шамија, проткаена со рачно предиво на чекрек. Ганди јадел едноставна вегетаријанска храна, а исто така постел, како начин за самопречистување и за општествен протест.

Некои Индијци помислиле дека Ганди бил премногу попустлив. Помеѓу нив, бил Натурам Годсе, хиндуски националист, кој го убил Ганди на 30 јануари 1948 година со пукање на три куршуми во неговите гради.

Махатма Ганди често, иако не е официјално, се смета за Татко на нацијата. Неговиот роденден, на 2 октомври, во Индија се празнува како, раѓањето на Ганди кој е национален празник и во целиот свет, како Меѓународен ден на насилството.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот