Магијата на најсреќниот град на светот Мелбурн, Австралија – пренесена низ фотографии

0

Најсреќен град во светот е Мелбурн, Австралија, според резултатите од истражувањето на Time Out и Tapestry Research објавено во јуни 2018 година.

Истражувањето опфатило 15.000 луѓе во 32 града, кои биле прашани за своето мислење во врска со храна, пијалаци, култура,  датирање,  заедница,  патувања и друго.

Врз основа на добиените податоци, двете компании направиле ранг листа за секој град во секоја категорија и финалниот резултат бил очигледен – Мелбурн е најсреќен град во светот.

Кога станува збор за Мелбурн, плажите, акцентот на уметноста и разновидната култура им даваат на сите посетители по нешто да уживаат.

Еве како всушност изгледа секојдневнието низ Мелбурнските локации…

Безброј улички со уникатни, улични уметнички дела

Кристално сини пејзажи…

Плажите, јавните паркови, разновидните опции за храна, како и многу други нешта, го прават овој град совршен во период на целата година.

Огномети постојано и за секоја пригода…

Музиката е исто така голем дел од културата во Мелбурн, без разлика дали тоа се работи за непознати изведувачи кои свират на улица…

…или музички фестивали или концерти на големи светски имиња што се одржуваат во рамките на градот.

Вкусна храна може да се најде речиси на секој агол…

Како и мали локали со вкусни кафиња…

Реката Јара тече низ градот, што го прави идеално место за пловење…

Уметност има на секој чекор…

Некои се дело на минувачите, а други се повеќе како мурали потпишани од уметникот.

Доколку патувате со јавен превоз, не заборавајте да извадите картичка myki, како на фотографијата подолу…

Извор: thisisinsider.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар