Магијата на летниот амбиент во ресторан “Бакал”

0

Кој не би сакал да ужива во свежината која ја носи пролетта? Кога времето е топло и кога денот трае подолго, сите сакаме што подолго да го искористиме и да уживаме во него.

Но, не во рамките на градскиот живот, туку на место кое што ќе ви ја покаже поубавата страна на животот. Идеална дестинација, ресторан “Бакал” во Брвеница. Овде пролетта има друга димензија, уживањето трае подолго. Градината е одлично место за појадок, ручек или вечера, во одбрано друштво и совршена услуга.

На менито имате можност да изберете интернационални и традиционални македонски јадења со врвни кулинарски примеси на вашиот готвач за вечерта. Одличен татар бифтек, јагне, прасе, свежа риба во чиј вкус комплетно ќе уживате.

13062059_468787146651525_1672157112220347861_n 13227005_475480689315504_8377051672935413527_n

Летната градина има многу зеленило, просторот дише и дозволува да слободно да се движите низ него. Вештачкото езеро само го надополнува амбиентот кој ќе ве кани да дојдете уште еднаш.

Не ја пропуштајте шансата да го почувствувате мирот надвор од урбаната џунгла и тоа само на 20-тина минути од Скопје.

Не важна причината и поводот заради кои ќе дојдете во “Бакал”. Важно е како ќе си поминете, а тоа е гарантирано доживување кое ќе сакате да го повторите.

13178782_475480649315508_3597547901790409744_n 13230150_475480669315506_9001617470178082650_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот