Магија од железница: Транссибирската рута

0

Дури и да не сакате баш многу да патувате со воз, барем еднаш во животот мора да си дозволоте патување со Транссибирската железница. Транссибирската железница го поврзува крајниот руски Исток со европскиот дел на Русија. Железничката пруга е со вкупна должина од речиси десет илјади километри, а патувањето  од Москва до Владивосток трае седум до осум дена и за тоа време, возот поминува низ осум временски зони. Пругата минува низ Перм, Екатеринбург, Омск, Новосибирск, Краснојарск, Иркутск, Чита и Хабаровск.

transsibirska (6)

По замисла на царот Александар III, градењето на железницата почнало во 1891 година и симултано продолжило сè до комплетирањето на целата нејзина должина, притоа поврзувајќи и дел од Манџурија. Била завршена во 1904 година, но заканата за јапонско преземање на Манџурија ги присилила градителите да изградат паралелна траса во рамките на Руската територија, односно Транссибирската рута која била завршена во 1916 година. Пругата ги направила достапни големите пространства на Сибир, кои на тој начин можеле полесно да се населуваат и индустријализираат, особено по пат на стимулирање на изградбата на бројни помошни железнички линии, кои требало да ги поврзат далечните области со главната траса. Пругата ја граделе работници кои биле осуденици на затворски казни на островот Сахалин, како и редовните руски војници, за плата која била 50 отсто поголема од просечната.

transsibirska (4)

Денес, Транссибирската железница е дел од поголем комплекс железници којшто го сочинуваат и Трансманџуриската железница (води сè до Пекинг), Трансмонголската железница (се простира преку Монголија и Улан Батор и исто така води до Пекинг и најновата, градена со побавно темпо цели пет децении, Бајкалскоамурската железница. Годинава, Транссибирската Железница го слави својот стотти роденден и  тоа е причина плус да ја посетите.

transsibirska (2)

Самиот воз којшто сообраќа по Транссибирската железница пак е приказна сама за себе. Може да патувате со прва, втора и трета класа, во двокреветни, четирикреветни и повеќекреветни купеа. Во првата класа цената е за седум пати поголема од последната класа, што не е страшно, бидејќи се смета дека вистинско уживање е да се патува токму во најевтината, трета класа, којашто чини околу 190 евра за релацијата Москва – Владивосток.

transsibirska (5)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.