Маџиров ќе чита поезија во „Шекспир анд компани“

0

Познатиот македонски поет Никола Маџиров денеска ќе чита поезија во светски популарната книжарница „Шекспир анд компани“ во Париз, во рамки на промоцијата на Антологијата на современата светска поезија „Центри на катаклизмата“, објавена годинава во Британија.

Негови стихови се вклучени во антологијата објавена по повод 50-годишнината од списанието „Modern Poetry in Translation“ основано од Тед Хјуз.

Книжарницата ја избра песната на Маџиров „По нас“, на македонски и англиски јазик, која беше и поетска порака за Светскиот ден на поезијата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар