Мадона го изгуби старателството над синот

0

Мадона го изгуби спорот во врска со старателството над 16-годишниот син Роко. Да потсетиме, Мадона и Роко се скараа во декември минатата година, после што тој си ги собра парталите и отиде да живее кај татко му во Лондон.

Пејчката многу тешко ја преживеа караницата и дури доживеа нервен слом и постојано им раскажуваше на сите за несправедливоста на тaткото Гај Ричи, којшто и забрани да се гледа со синот. За волја на вистината, Мадона сепак се смири со Роко, но, работата сепак дојде до суд. И таа изгуби: очигледно е дека синот е силно навреден од ѕвездата.

Според зборовите на адвокатато на режисеот Гај Ричи, решението било на двојно задоволство. «Гај е воодушевен од тоа што овој судски процес е зад него. Роко ќе продолжи да живее со татко му во Лондон. Сите страни се согласни». Не знаеме дали е тоа така или не, но, Мадона досега се чувствува навредена. На решението на судот таа одговори со две фотографии на Инстаграм: под едната таа напиша: «Некогаш мајките треба да бидат кучки», а под другата — «Но, сепак, кон нив треба да се однесувате како кон кралици».

Остави коментар