Луѓето се делат на ДА и НЕ личности. Во кои спаѓате вие?

0

Дали ви е понекогаш тешко да комуницирате со луѓето? Дали ве нервираат луѓе со коишто не можете да се договорите за ништо, или со кои каков било договор е вистинско измачување? Верувајте, не сте единствени.

Без оглед на тоа дали е некој паметен или не, дали е згоден, дебел, убав, грд, смотан, повлечен, шармантен, нападен, толерантен, зборлест, неталентиран, луѓето во основа можат да се поделат само на две групи – ДА или НЕ луѓе.

На лицата НЕ навистина не треба да си го трошите времето. Ниту една минутка повеќе. Како да знаете кои се тие? Многу едноставно – на секое ваше прашање ќе одговорат негативно – не можам, немам време, нема шанса, никогаш нема да успееш, не сум расположен/а, оди ти јас ќе дојдам, во моментов и не баш… И иако постојат варијации во одговорите, најчесто тоа е само едно отсечно НЕ.

ДА лицата, од друга страна, секогаш одговараат потврдно – нема проблем, ќе смислиме, ќе се договориме, океј можеби и не е така ама ќе најдеме решение, важи, сакам, а зошто да не?!

Секако, ова не значи дека и едните и другите понекогаш нема да го сменат својот одговор, не може некој секогаш да е негативен, а некој секогаш расположен, но главно, карактеристиките се тие.

И ако размислите подобро, токму така е – луѓето се ДА или НЕ. Може или не може. Затоа решете со кој тип на луѓе сакате да го поминувате времето.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот