Луѓето што интензивно ја чувствуваат музиката имаат уникатна невролошка структура

0

Ако ви се случило вашата кожа да се наежи додека слушате музика, тоа не секогаш значи дека музиката емотивно допрела до вас, всушност најновите истражувања покажале дека имате уникатен мозок.

Научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија ги испитале мозочните снимки на 20 студенти, од кои половина имале интензивни реакции на музиката, а половина од нив не.

Откако секој учесник слушал дел од песна/мелодија по свој избор, истражувачите ги споредиле снимките и сфатиле дека оние кои реагирале на музиката на интензивен начин имале специфична невролошка структура, за разлика од останатите.

Луѓето кои доживеале трепет и ежење на кожата имале поголем волумен на невролошки влакна кои го поврзуваат нивниот ауторски кортекс со дел од мозокот кој ги обработува емоциите.

“Повеќе влакна и зголемена ефикасност меѓу два региона значи дека имате поефикасна обработка меѓу нив”, вели Метју Сакс, коавтор на студијата.

Како резултат на овие подобрени невролошки комуникации, Сакс исто така заклучил дека луѓето кои добиваат морници при слушање музика може да доживеат емоции на поинтензивно ниво од оние кои не, без оглед дали слушаат некоја песна или не.

Асистентката на истражувањето, Алиса Дер Саркисијан, вели дека нејзиното тело целосно се менува кога ја слуша песната “Nude” од Radiohead.

“Чувствувам дека моето дишење се синхронизира со песната, моето срце чука поспоро и музиката ја чувствувам посвесно – емоциите на песната и одговорот на моето тело кон неа”, вели Алиса.

Сакс, кој студира психологија и невронаука верува дека неговите прелиминарни наоди може да предизвикаат понатамошни истражувања кои го испитуваат ефектот што музиката го има врз мозокот надвор од аудитивниот кортекс.

Неговите наоди доаѓаат по неодамнешната студија спроведена на Универзитетот во Њујорк во соработка со Bang & Olufsen, кога откриле дека музиката може да биде клучна во помагањето на луѓето да управуваат со нивните емоции.

Невронаучникот д-р Хауке Егерман ги испитал одговорите на 20 учесници на четири различни песни и сфатил дека слушањето на наводно “тажни” песни всушност може да го подобри расположението.

“Овие наоди обезбедуваат дополнителни докази дека музиката може да биде важен дел од нашата целокупна ментална благосостојба, помагајќи ни да го регулираме нашето расположение”, вели тој.

Исто така овие истражувања покажале дека музиката може да го надмине негативното влијание на чувството на тага и всушност ни овозможува да уживаме во емоциите во безбедна средина.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.