Луѓето што плачат се ментално силни личности

0

Најшироко прифатената емоцијата, среќата, е знак на самодоверба, позитивна експресија, сигурност, успех и многу други работи. Од друга страна пак, на плачењето веднаш му се дава негативна конотација, се мисли дека тоа е нешто кое ги карактеризира само слабите карактери и жените. Сосема ПОГРЕШНО! Плачењето е човечка емоција и луѓето што плачат се силни личности кои не се плашат да ги покажат емоциите.

Ако сте преполни со емоции од радост, среќа и љубов, а сепак ви доаѓаат солзи во очите, тоа е грешка? Не! Тоа е уште една емоција што чека да излезе на површина. Во тој случај, не се плашете да заплачете во која било ситуација за да ослобдите чувства.

Comfort-a-Crier-feature

Луѓето кои плачат знаат дека тоа има позитивен ефект и на здравјето. нема ништо поубаво од олеснување на тагата и стресот преку солзите. Сигурно сте забележале колку уморно се чувствувате после плачење. Да, добро е за здравјето, наспроти општото мислење.

Немојте да се плашите да ги охрабрите другите кои се постојано стегнати и не сакаат да покажат “знак на слабост”. Дајте им поддршка и кажете им дека е во ред да се исплачат, бидејќи навистина е. Индивидуалната храброст извира од секој човек, а искажувањето на емоциите не прави живи единки на овој свет.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.