Луѓето лажат кога им е загрозена самодовербата

0

Секој човек знае да излаже во одредена ситуација и не е страшно се додека станува збор за т.н. бели лаги. Но, прашањето кое се наметнува е зошто луѓето лажат со намера, што сакаат да постигнат, која е целта и што ги мотивирало на таков чекор?

Американскиот психолог Роберт Фелдман вели дека една од најголемите причини за тоа е самодовербата.

“Штом луѓето почувствуваат дека нивната самодоверба е загрозена, тоа е моментот кога почнуваат да лажат”.

Тој верува дека многу од лагите се кажуваат само заради одржување на социјалните контакти.

А малите лаги кои имаат цел да спречат конфликт се најчестите меѓу луѓето.

На пример: кога некој лаже дека бил задржан во сообраќајот, а всушност сакал да поспие или пак на прашање од типот “дали ми стојат убаво овие пантолони”, одговорот е позитивен а да се избегне социјален конфликт.

Тоа се лаги кои го прават животот полесен.

Едно истражување, објавено во Journal of Basic and Applied Psychology, покажало резултати дека 60 проценти од луѓето лажат барем по еднаш, ако не и повеќе во 10 разговори со познаници. Просекот покажува дека субјектот може да излаже минимум 3 пати за време од 10 минутен разговор.

Всушност, лагата е начин една личност да се претстави онака како што сака другите да ја доживеат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот