Луѓето кои премногу размислуваат се всушност креативни генијалци

0

Невротичните луѓе кои премногу размислуваат имаат негативни мисли и емоции. Со секое споменување на зборот „создава“ кај нив тоа предизвикува низа негативни чувства: загриженост, нервоза, промена на расположение и премногу размислување.

Како и да е, психолозите имаат објаснување во однос на оваа состојба. Тие сметаат дека луѓето кои премногу размислуваат се всушност креативни генијалци.

А зошто е тоа така?

За да се разбере во целост, мора да се најде врската помеѓу креативноста и невротичноста. Според текст објавен во „Trends and Cognitive Sciences“ , презентирана е нова теорија која ја поставува врската помеѓу овие две работи. Делот од мозокот кој е одговорен за мисли кои сами се генерираат – на пример, интроспекцијата и анализата. Позитивните особини ја зголемуваат креативноста, но и негативните појави како анксиозност, депресија, опсесија,

За Huffington Post, Др. Адам Перкинс, еден од авторите на студијата изјавил:

„Невротичноста кај луѓето има цена, но исто така има и бенефити. Високо невротичните луѓе можат да страдаат од високо ниво на анксиозност и депресија, но нивното длабоко размислување носи голем креативен потенцијал“.

Ова е веројатно причината заради која луѓето како Ван Гог, Вуди Ален и Исак Њутон имаат високо изразена креативност, а се сметаат за невротични луѓе кои премногу размислуваат. Тие за задржуваат подолго на проблемите за разлика од која било друга просечна личност и се опседнуваат со тоа.

woody_allen2__1477043401_77-29-144-105

Поенатата е да не се потценува трудот и посветеноста на проблемите на кои се задржуваат овие луѓе, бидејќи токму тие во еден момент ќе стигнат први до решението.

„Далеку сме од тоа да ја објасниме невротичноста и не нудиме одговори, но се надеваме дека нашата теорија ќе им помогне на луѓето во сопствените искуства “ – вели Перкинс.

Затоа, следниот пат кога ќе се почувствувате депресивни, анксиозни или со променливо расположение, запамтете дека имате неверојатна способност на личност кој премногу размислува – вие знаете како на креативен начин да го решите проблемот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот