Луѓето кои гледаат реални шоуа се нарциси

0

Нарцизмот се манифестира како грандиозно чувство на лична важност и посебност, со недостаток на емпатичност, тенденција да се злоупотребуваат другите и голема опседнатост со слава и успех. Во контекст на ова  е направено истражување кое нема да  им се допадне премногу на љубителите на реални програми.

Тие  високо котираат на листата на реални шоуа. Ова е заклучокот на истражување спроведено на Универзитетот во Охајо. Истражувачите не се сигурни дали реалните програми ги охрабруваат или пак овие личности се склони да го избираат тој тип на емисија.

Во истражувањето учествувале околу 600 испитаници кои одговарале на прашања за програмата која ја гледаат, а потоа пополнувале прашалник според кој било оценето нивото на нарцисоидност.

Освен обожавателите на реалните програми, високо на листата котираат и луѓето кои гледаат телевизија, трилери, спортски преноси и политички емисии. Од друга страна, гледачите на вести се најмалку нарцисоидни, што истражувачите го објаснуваат со фактот дека овие луѓе се помалку склони на индивидуализам и друштвени ангажмани.

Препораката сепак би била што е можно помалку да се поминува време пред телевизор гледајќи ваков тип телезвизија и да се активираат сите други способности кои се од голема корист во секојдневното живеење.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот