Лубутан за сите бои на кожа

0

По обувките во ралични тонови на пастелно и сино кои Лубутан ги испрати на улиците во 2013 година, сега ја надополнува колекцијата „Nudes“ така што секоја жена може да ги најде обивките кои одговараат на нијансата на нејзиниот тен.

Познато е дека чевлите во беж нијанса даваат најдобар изглед на ногата, па уште ако нијансата е поблиска до кожата, нозете изгледаат уште повеќе визуелно издолжени. Со таа намера, славниот дизајнер Кристијан Лубутан ја создаде линијата во која оваа пролет пристигнаа и рамни модели, балетанки и тоа за сите бои на кожа.

Lobutan-cipele.3

Лубутан се одлучи за класичен моден детаљ со дискретна панделка, а како тренди детаљ додаде шпиц врв, кој придонесува да изгледаат поелегантно. Балетанките се познати под називот „Solasofia“ и чинат 522 евра.

Во рекламната кампања, новите лубутанки ги презентираат манекенки во иста нијанса и на фустани.

Lobutan-cipele.2

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот