Ловци на соништа – знаете ли зошто служат?

0

Верувате ли во индијанските ловци на соништа? Иако можеби не знаете која е нивната вистинска намена, по ова, сигурно ќе ги сакате во својата спална соба.

Оригиналниот ловец на соништа бил изработен од гранка врба, исплетен со конец, а во форма на круг. Украсен бил со кожа од животни или со пердуви од птици.

Кругот го симболизира дневното движење на сонцето. Пердувите се „здивот на животот“. И самите пердуви имаат значење – пердувот од був претставува мудрост, а пердувот од орел претставува храброст.

Денес ловецот на соништа се користи како украс ширум светот и се користат пердуви од секакви птици, па затоа се верува дека немаат моќ како порано.

Индијанците ги правеле ловците на соништа за бебињата за пердувите да им го привлекуваат вниманието кога се будни, ама и да ги чуваат од злото додека спијат.

Легендата вели дека на почетокот на времето, Асибикаши (жената пајак), плетела ловци на соништа за секое новороденче во племето, ама како што племето се ширело на сите четири страни на светот ѝ било тешко да ги пронаоѓа. Затоа таа обврска на себе ја презеле идните мајки, баби, сестри, тетки…

Која е неговата функција?

Едно племе верува дека лошите соништа се заплеткуваат во мрежата и дека првите сончеви зраци ги уништуваат. Истовремено, убавите соништа преку предувите се спуштаат до тој што спие.

Друго племе верува дека убавите соништа се фаќаат и се чуваат во мрежата, а дека грдите соништа исчезнуваат низ кругот во средината.

Двете легенди на крајот се исти – идејата е детето да се заштити од лошите соништа и да го сочува само убавите.

dreamcatcher-for-kids

Легенда за пајакот и бабата

Пајакот тивко ја плетел својата мрежа покрај креветот на бабата Нокомис. Таа секој ден го гледала како го прави тоа. Еден ден, нејзиниот внук ја прекинал во размислувањето кога тргнал кон него да го убие.

„Немој да го повредуваш“, му рекла таа и го сопрела.

„Зошто ги штитиш пајакот?“ прашало момчето.

Старицата се насмеала, ама не му одговорила. Кога детето си заминало, пајакот ѝ се приближил за да ѝ се заблагодари што му го спасила животот.

„За возврат, сакам да ти подарам нешто“, рекол пајакот и се вратил кон мрежата.

Набрзо се појавила месечината и со својата светлина поминала преку сребрената мрежа која благо се нишала на прозорецот.

„Гледаш ли како плетам? Гледај и учи, затоа што секоја мрежа ги запира лошите соништа. Само убавите сни можат да поминат низ малата дупка во средината на мрежата. Ова е мојот дар за тебе. Користи го засекогаш да ги запомниш убавите соништа. Лошите соништа ќе се сплеткаат во мрежата и нема да те повредат.“

Ако ви се допаѓаат старите индијански легенди, тогаш купете си или сплетете си ловец на соништа и тој ќе ве штити вас и вашето семејство. Како да го сплетете? Погледнете го видеото.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот