Луј Витон направи моливи по цена од 185 долари

0

Француската модна куќа Луј Витон (Louis Vuitton) ја обнови линијата на канцелариски прибори додавајќи во неа и колекција од неколку моливи.

Овој прибор за пишување е обвиткан со природна кожа во црвена и розова боја и украсен со четирилистен цвет со амблем на брендот. Овие аксесоари веќе се појавија во продажба и чинат по 185 долари и се дополнување кон канцелариската линија, којашто модната куќа ја претстави на почетокот на годинава.

Моливите се украсени со шаблони во вид на три цвета, што, по мислење на претставниците на брендот, треба да потсетува на детството.

Компанијата „Луј Витон“ беше основана во 1854 година во Франција од страна на мајсторот за изработка на сандаци и патни торби Луј Витон.

Но, низ децениите, тие се специјализираа и за аксесоари, облека, обувки, часовници и накит и за жени и за мажи. Тие се дел од меѓународниот холдинг LVMH.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.