Лош возач = лош љубовник… Што мислите?

0

Ова би било одлично прашање за анкета на кое сме сигурни дека поголем дел од одговорите би ги дале жените, иако и тие спаѓаат во класата на возачи.

Сега доаѓа прашањето – каква врска имаат возачките вештини со оние во кревет?

А временската прогноза има врска со расположението? За некого има, за некого нема.

Таков е случајот и овде.

Возач почетник:

Седнува првпат во кола откако еднаш ќе ја земе возачката, рацете му се потат, вози 40км на час, гледа само напред, никако лево и десно. Го поминуваат многу поискусни возачи, му свират му се смешкаат зад веторобранското стакло, му го земаат редот на семафори, стигнуваат пред него, без разлика на автомобилот кој го возат.

Љубовник почетник:

Губи невиност еднаш, не сака ни да се сеќава на искуството оти бил во бунило додека траело минута и половина, а не може да се пофали со посебни вештини. Него му е срам, иако не треба. Второто искуство е полошо од првото, оти нема кој да го води, сега е оставен сам на себе. Нема искуство, во главата му доаѓаат коментарите на другарите кои се шегуваат на негова сметка, тоа му ја одзема храброста. Рацете почнуваат да му се потат, го фаќа паника од исходот, дали ќе се покаже или не, почнува да го забавува темпото, едно време заборава што прави, па се е чиста механика, за момент му текнува и толку – „стигнал“ до крајот.

Возач со средно искуство

Ова е веќе некое понапредно ниво. Знае како да се снаоѓа низ градските улици, но возењето на автопат, односно долги патеки му е проблем. Секако не го признава тоа, заради гордост, но потајно сака некој да седи до него и да му дава инструкции повремено, ако се испаничи. Уште еден проблем му е паркингот. Досега знае да паркира рикверц, да влезе и да излезе на паркинг, да се снајде низ автомобилите, но паралелното паркирање како да му паѓа тешко оти бара посебни вештини. Се случува да му изгасне колата додека се обидува да паркира, но не признава дека е негова грешка, туку до колата е. Понекогаш во текот на возењето, ако застане на семафор и некој го изнервира со постапката, му гаси колата. Ама нема врска, ќе ја рестартира и ќе продолжи.

Љубовник со средно искуство

Исто како и возачот, веќе е многу посигурен во кревет. Супер се снаоѓа, знае што прави, има совладано некои потези, а повремено знае и да воодушеви. Ако партнерката е поискусна од него и знае подобро што прави во кревет, може да се случи да го фати паника, но, добро е што нема да се откаже, туку само ќе застане, ќе изгледа се уште самоуверено, а ќе продолжи како ништо да не било. Може да „застане“ на погрешно место во текот на сексот – нема врска, се додека стига до крајот, не е страшно.

Возач со искуство

Тука веќе сè е лесно и едноставно. Овој возач знае што прави, каде се движи како и со кого. Ништо не може да го изненади. Има добра проценка, не вози пребрзо, но не е ниту многу бавен. Темпото го одредува тој, како и самото возење. Знае да почитува знаци, предвидува опасност и секогаш е умерен и сигурен во себе. На автопат нема проблем, се снаоѓа одлично, за друштво е посакуван, а возењето со него е уживање.

Љубoвник со искуство

Речиси се што е важи за искусните возачи, важи и за љубовниците. Точно знаат како да го почнат процесот, се сноѓаат одлично во кревет, ги читаат сигналите, нема нагли потези и безувствителни допири. Ништо не може да го изненади. Како возачот што ја почитува колата, така и љубовникот ја почитува жената со него во кревет. Го бива за долги патеки, нема зошто да брза бидејќи знае дека уживањето кое ќе дојде на крај е награда за трпеливоста.

Важно е да се запамти дека никогаш не треба со сила да се „стега“ на кумплунг и никако да се држи цело време, менувачот на брзини исто така треба да се употребува нежно, не со сила и никако да не се „истура“ нервозата врз него. Не кочете нагло, кочниците може да откажат некогаш, не бидете нападни во возењето, направете добра проценка на улица, дали е време да забрзате или да олабавите малку, па возењето да трае подолго.

Со среќа 🙂

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

 

 

Остави коментар