Лоша врска или самотија

0

Статистички е докажано дека дури 40 % од нас во една точка од животот почувствувале вистинска болка заради осаменост.

Во одреден период од животот секој човек доаѓа до некоја животна раскрсница. Недоумици и стравови од непознатото се само дел од приказната, но се чини дека најголем дел од луѓето се плашат од моментот на осаменост.

Статистички е докажано дека дури 40 % од нас во една точка од животот почувствувале вистинска болка од чувствувањето осаменост. Изненадувачки е фактот дека 60% од вкупната бројка на испитаници кои учествувале во анкетата направена со оваа намена, се луѓе кои се долги години во брак.

Која е разликата меѓу тоа да бидеш САМ и да бидеш САМ во лоша врска?

“Веќе подолго време знам дека се гледа со други. На почетокот се каравме често, но откако се остана само на ветување дека ќе престане, дигнав раце. А што да правам? После петнаест години брак, сигурно нема да почнувам од почеток да барам некого. Ќе му здосади еден ден“.- Маја, 39

Дали стравот да се биде сам е посилен од болката, гордоста и на крајот, среќата?

“ Осум години сме во врска. Минатиот месец ме побара за жена. Среќна сум што конечно ќе ги замолчиме сите што прашуваа кога ќе се земеме“.- Соња, 30

Некогаш, со цел да ги исполниме очекувањата на другите, забораваме да ги исполниме своите.

Или воопшто забораваме да имаме очекувања.

Дали општеството или уште полошо соседите, се најчесто пресудни за регулирање на нашиот брачен статус? Дали тие ќе го живеат нашиот живот?

“Убаво е да си сам. Нема кој да се налути зошто си излегол со другарите, зошто ти пишала другарка од средно во 12 на полноќ. Можам вака засекогаш“.- Мики, 22

Ќе го прашаме Мики пак за некоја година :)

Она што сакам сите да се запрашаме е дали е вредно да се биде во врска која не ги исполнува нашите очекувања, само за да не останеме сами? Дали желбата да се има некој покрај себе е доволна да се навикнеме на “љубов“ без љубов?

“Некогаш е подобро да се биде сам, отколку во лошо друштво“- Џорџ Вашингтон

Донесете вистинска одлука, бидете среќни!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот