Лош љубовен живот и превисоки очекувања?

0

Дали лошиот љубовен живот се должи на превисоки стандарди, или е нешто друго во прашање?

Доколку љубовниот живот во последно време се сведува на краткотрајни незначајни врски (и не по твоја вина), тогаш сериозно би требало да се почне со размислување на причината поради која тоа се случува.

Најлесно е да се обвини судбината поради која не може да се најде идеалниот партнер, но нели возрасни сме за да биде судбината крива за било што? Време е да се побара суштината на проблемот и да се продолжи понатаму. Потрагата по сопатник не мора да заврши поради неколку неуспешни обиди.

Дали тој мора да е совршен?

Дали си ти совршена личност?

Да бидеме на чисто, совршенство не постои во ниеден облик. Убаво е да знаеш што сакаш и што очекуваш од партнерот, но не смееш да си дозволиш да мислиш дека тој некој, ќе ги исполни баш сите критериуми. Доволно е една од замислените карактерни особини да не се совпаѓа со твоите идеали, но тоа не значи дека тоа е причина да се откажеш.

Можеби нема да ти поклони цвет (кој ти толку го чекаш), но затоа ќе ја отвори вратата од ресторанот за ти да влезеш пред него ( што многу би сакала да се случи). Секако, ако не е сосема спротивно од твоите очекувања, една работа помалку не значи дека треба да се повлечеш.

Нетолеранција е втората голема причина поради која можеби ќе останеш сама. Повторно, под ова не мислиме дека треба да толерираш несовесен лик кој ќе се враќа дома и ќе мириса на женски парфем, но можеш да му простиш доколку некогаш ги заборави чорапите на подот од спалната соба и без притоа да направиш голема кавга за тоа.

Толерирај го она со кое можеш да живееш. А верувај, постојат многу особини на луѓето кои со текот на времето ќе успееш да ги прифатиш. Како што и тој ќе мора да те прифати тебе и сите твои “бубачки“ за време на ПМС.

Не даваш шанса!

Очајно посакуваш некој покрај себе, а колегата кој пет пати се обидува да те повика на кафе, го одбиваш секој пат со различен изговор (за кој секако губиш време да го смислиш).

Секако, не би требало да излегуваш со секој кој ќе те повика, но можеш да дадеш шанса некому, повремено. Можеби не е човекот од твоите соништа, но ако не го запознаеш подобро не би можела ни да знаеш. Еден час за запознавање можеш да одвоиш да избегаш од својата комфорна зона, во која вообичаено за викенди си зборувате со другарките како не постои човек за вас и да појдеш на пијалок со дечкото кој со месеци чека да најдеш време. Којзнае, можеби нема црна коса како што ти посакуваш, но има карактер за кој си сонувала.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.