„Љубовта не може да биде научена, може само да се доживее“ – Ошо

0

На секој од нас понекогаш му треба добра мисла која ќе му го отвори умот и ќе му помогне кога најмногу има потреба. Ние денеска решивме да споделиме дел од животните мудрости на Ошо, индиски мудрец чии зборови имаат длабоко значење.

-Почитувај ја твојата уникатност и остави ја споредбата на страна. Чувствувај се удобно во своето постоење.

-Не сакам да ти го покажам патот, сакам да ти ги подарам моите очи.

-Љубовта не може да биде научена, може само да се доживее.

-Љубовта не прави среќни кога може да се даде во целост.

-Човекот со знаење секогаш живее со прашалник, a човек со страв до себе има извичник!

-Сериозен човек никогаш не може да биде невин, а оној кој е невин никогаш не може да биде сериозен.

-Човекот се раѓа со потенцијал. Во текот на животот може да стане трн за себе и за другите, но може да стане и цвет за себе и другите.

-Желбата исчезнува како што стануваме посвесни. Кога свесноста ќе биде 100%, нема простор за желба.

-Пеколот е наша креација, а го креираме кога се обидуваме да го создадеме невозможното. Рајот е нашата природа и спонтаност. Таму сме постојано..

-Вистинската љубов не е бегство од осаменоста, туку е начин да се надмине самоста.

-Кога целиот свет те гледа различно, не станува збор за креирање на различен свет. Туку само начин еден човек да се доживее поразлично пред себе.

-Немој непотребно да живееш во минатото. Затвори ги тие поглавја од животот, затоа што веќе си ги прочитал; нема потреба да се навраќаш повторно.

-Подели го најскапоценото религиозно искуство бидејќи делењето е добро.

-Во речникот на луѓето самоста и осаменоста се третираат како синоними, но не се. Тоа се тотално различни феномени. Осаменоста е негативна појава која тоа носи очај и тага.

-Можеш да се обидуваш да ги промениш луѓето и целиот свет околу тебе, но никогаш нема да бидеш задоволен се додека не се промениш самиот.

-Ако нешто е премногу длабоко за да биде разбрано веднаш, тогаш станува збор за нешто кое има големо значење. Љубовта секогаш носи самост, а самоста љубов. Овие две работи никогаш не се одвоени.

-Луѓето го мислат токму спротивното: Кога си заљубен, како може да бидеш сам. Тие не прават разлика меѓу двата збора: осамност и самотија.

-Прифати се таков каков што си.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

 

Остави коментар