ЉУБОВНИК: Момчето кое ќе стане маж откако ќе се ослободи од мајчината прегратка и кога ќе успее да им одолее на страстите

0

На картата е прикажан еден реален човечки проблем: млад човек кој е во врска со две жени. За првпат во Тарот централната фигура не е претставена како божествен или волшебен лик. Момчето е впрочем персонификација на младо и полетно его, подготвено да се соочи со животните пороблеми.

На оваа слика нема авторитети на кои може да им се обрати за помош. Тој мора силата да ја пронајде во себе и да профати одговорност за сите свои постапки. Покрај момчето на сликата има и две женски фигури. Во психологијата на мажот и жената, машката фигура ја симболизира свесноста и интелектот, а женската – емоциите и душата.

Во случајов, девојката од левата страна на момчето, со капа на главата, е онаа со повеќе достоинство. Таа мошне посесивно едната рака ја поставила на неговото рамо. Другата пак, русокосата, го допира во близина на срцето. Над нив, речиси потполно невидлив, лебди Купидон (Амор), кој со својата стрела цели кон срцето на збунетото момче. Како да е сојузник на онаа русокосата. А, нашиот централен лик е нерешителен. Тој со главата, односно со интелектот е завртен кон црната девојка, додека со рацете и со телото кон русокосата.

Едната од нив му нуди повеќе емоции и разбирање, а другата ветува жешки страсти. Едната е негов заштитник, а другата треба тој самиот да ја заштитува. И двете припаѓаат на неговата внатрешна реалност. Впрочем, тој мора да се ослободи и од двете и независно да застане на сопствените нозе.

Момчето ќе стане маж дури откако ќе се ослободи од себичната мајчина прегратка и кога ќе успее да им одолее на страстите. Тоа, секако, нема да биде лесно. При секое раѓање има крв, но истовремено почнува и нов живот! Него ќе го предводи Купидон бидејќи ако го остави веројатно ќе се загуби во емоциите.

ПОРАКА: Ако се впуштате во нова љубовна врска или се обидувате да оживеете постоечката, сетете се на предупредувањата на Љубовникот – немојте да се заљубите во љубовта, тоа би било измама кон самите себе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот