Љубовната приказна на Милена Дравиќ и Драган Николиќ

0

Милена Дравиќ и Драган Николиќ, според мислењето на многумина, е парот со најсреќен брак од поранешна Југославија. Луѓето ги обожаваа.

Нивната приказна почнува вака…

13871694_10210693798848962_954120256_n__1470039653_185.86.236.49

Кога се запознале, Милена веќе била познато актерско име, а Драган тогаш ја почнувал кариерата. Се запознале на снимање на филмот „Хороскоп”. Прво се дружеле како пријатели, за потоа да се роди и љубов. По кратко време решиле да почнат да живеат заедно.

13866590_10210693798808961_1180106236_n

Се венчале во 1971 година, за време на снимањето на новогодишниот ТВ филм “Како се љубеа двајца будали” по текст на Душко Радовиќ. На паузите помеѓу снимањата, побарале еден дополнителен час, заминале во општина и го склопиле граѓанскиот брак, без притоа да најават некому каде одат. Необично, но во нивен стил.

13871852_10210693798768960_268051083_n

Во ретките моменти кога зборуваа пред јавноста, секогаш се согласуваа за едно нешто, а тоа е дека си даваат поддршка за сè, но и меѓусебно си се најголемите критичари.

“За брак кој трае 40 години, секогаш можат да се најдат повеќе причини истиот да пропадне и да заврши, отколку да опстане. Но, најлесно е да прекинеш, најтешката работа е да се бориш и да се соочиш со сè. Понекогаш и мала кавга може да ти го освежи денот. Понекогаш треба да бидеш љубоморен, бидејќи тоа е единствениот начин да покажеш љубов во тој момент” – изјави актерот во една прилика.

Големата љубов успеа да дочека и старост, а тоа е пример од кој треба да се учи.

Иако тој веќе не е меѓу нас, оваа љубов ќе остане да живее засекогаш.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.