Љубовна честитка од Македонската филхармонија

0

Утревечер во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи концерт со наслов  „Некој ме гледа романтично“, посветен на Денот на вљубените. Програмата на концертот содржи сплет на композиции од Равел, Чајковски, Гершвин и Кол Портер, инспирирана од љубовната тематика на класичната музичка литература.

Посетителите ќе имаат можност да ја слушнат љубовната приказна за Шехерезада од Морис Равел, во интерпретација на вокалната солистка Голда Шулц, а под диригентската палка на Кејс Скалионе од САД.

Оркестарот ќе ги изведе и симфониските слики од американската љубовна опера „Порги и Бес“, Увертирата- фантазија од „Ромео и Јулија“ од Чајковски, како и неколку џез-стандарди  „Summertime“ и „Someone to Watch Over Me“ од Гершвин и „Everytime We Say Goodbye“ од Портер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.