Љубовен хороскоп за 2018та година: Вагите ќе бидат таинствени, Биковите носталгични

0

Новата година носи промени, големи можности и нови доживувања. Кога е љубовта во прашање, погледнете што може да очекувате во 2018та година, според вашиот хороскопски знак…

Овен
Сите што се родени во овој знак ќе имаат возбудлив и турбулентен период, како во љубовта така и на сите полиња. Имено, ѕвездите предвидуваат дека 2018та година за овните ќе биде исполнета со авантури. Ова особено ќе се изрази во текот на втората половина од годината, односно во август кога Јупитер влегува во куќата на љубовта, а најмногу од ноември кога Венера ќе биде во знакот на шкорпијата, што ќе донесе многу страствени моменти во животот на овните.
Кон крајот на оваа година има голема веројатност сите припадници на овој хороскопски знак да ја пронајдат својата вистинска љубов.


Бик
На сите што се родени во знакот на бик им претстои интересна година, која ќе биде исполнета со различни можности кога е во прашање љубовта и запознавање нови личности. Им препорачуваме на сите бикови да посочат внимание на октомври и ноември кога Венера влегува во ретроградната шкорпија, што значи дека тоа ќе биде идеален период за запознавање на вистинската личност.
Можни се судири со кармата и носталгични моменти. Во секој случај, не треба да отстапувате од она што ви го носат ѕвездите, туку слободно опуштете се и препуштете се на чувствата, затоа што целата среќа е на љубовното поле, кое е на ваша страна оваа година.


Близнаци
Оваа година за близнаците е посебна. Ги очекуваат многу убави нешта и тоа не било какви, туку оние судбинските. Ако сте родени во знакот на близнак, очекувајте да ја најдете вистинската љубов, која многу е веројатно дека е личност од вашето опкружување, за која не сте ни забележале дека веќе подолго време негува романтични чувства за вас. Таа личност ќе направи да се чувствувате многу посебно.
Ретроградната Венера, која ќе доминира во текот на 2018 година ќе ви овозможи идеални услови за отсварување на стабилен љубовен однос. Личноста на која и се допаѓате нема да бира начини на кои ќе ви се додворува, правејќи да се чувствувате многу посебно, сакано и атрактивно. Сепак, немојте да се вообразувате затоа што ако тоа го направите на ќе се соочите со огромна загуба.


Рак
Раковите во текот на 2018 година ќе се соочат со емотивни кризи, особено за време на есента кога е можен конфликт за сите оние кои се во сериозна врска или во брак. Како и да е, следува смирување помеѓу двете страни, нормално ако двајцата се соочат и фокусираат на нивниот однос. Во случај да се почувствувате премногу осамено подобро разговарајте за тоа со вашиот партнер, отколку да се повлекувате. Само така ќе биде се во ред и ќе се изненадите од тоа како се чувствува вашиот партнер и кои се неговите ставови и мислења во врска со вашиот однос.
Кон крајот на оваа година за сите ракови ќе биде период на искреност и убави моменти.


Лав
Лавовите ги очекува љубовна романса и тоа со некој од нивното минато. Октомври и ноември, за време на делувањето на ретроградната Венера, можат да бидат пресудни за нивната понатамошна судбина. Во однос на љубовта очекувајте возбудлива година полна со изненадувања. На вам тоа многу ќе ви одговара затоа што ќе ја разбуди вашата ексцентричност, така што ќе уживате секој момент кога ќе се најдете во центарот на вниманието.
Сепак не дозволувајте да ве обземе себичност, па да не забележите некој со кој би имале судбоносна средба.


Девица
Личностите кои се родени во знакот на девица во текот на нареднава година конечно ќе се сретнат со личност која ќе ги дели нивните вредности, навики, погледи и сфаќања на животот. Не мора да значи дека тоа ќе биде некоја нова личност во нивниот живот, напротив може да е некој што веќе го познаваат.
Таквиот однос има можност да прерасне во сериозна врска, па дури и брак.
Како и да е, разговарајте за своите чувства, не ги потиснувајте во себе. Нема што да загубите. Запамтете дека некои работи се случуваат со причина.


Вага
Вагите ги очекува многу таинствена и луда година. Постои можност вашиот сегашен партнер да го запознаете во друго светло, како и можност да се сетите на некоја ваша стара љубов, па така мислите да ви бидат опседнати со тоа. Исто така, доколку планирате да отпатувате на некоја егзотична дестинација, не двоумете се, направете го тоа.
Знајте дека тоа ќе ви донесе возбудлива и љубовна авантура. Ваги, опуштете се и уживајте во секој момент.



Шкорпија

Со оглед на тоа што шкорпиите се многу сензуални и страствени, следната година само ќе ја зајакне таа страна на нивната личност. Сексуалноста, како никогаш порано, ќе дојде до вашите сетила, немојте да се спротивставувате.
Тоа не значи дека нема да има можност за длабоки, романтични чувства и тоа да прерасне во посериозна врска, но она што е сигурно е дека нејзиниот почеток ќе биде со неограничени страсти. Сепак, не дозволувајте тие целосно да преовладуваат, за да може разумно да видите дали нештата се одвиваат во посакуваната насока.


Стрелец
Оваа година Сатурн ќе вмеша прсти во љубовниот живот на стрелците, а тоа е идеално влијае кое ќе влијае врз остварување на сериозни, љубовни врски. Доколку имате голема љубов од минатото, на која сеуште мислите, во 2018та година е одличен момент да го обновите контактот и можеби да ги разбудите старите емоции. Потребно е само да бидете храбри и да превземете иницијатива. Што може најлошо да се случи?


Јарец
Јарците во новата година ќе бидат оптимистични, полни со самодоверба, но исто така ќе имаат и голема поддршка од партнерот и блиските луѓе, кои ќе им помогнат да го остварат замисленото. За оние слободните, во првите 8 месеци е многу веројатно дека ќе запознаат некој во кој ќе се заљубат и ќе можат да започнат нешто позначајно.


Водолија
Водолиите со својата непостојана природа конечно ќе можат да бидат искрени во врска со емоциите. Веројатно оваа година ќе запознаат некој што ќе го дели истиот поглед кон светот, некој покрај кој ќе можат да бидат потполно свои и да го изразат слободниот дух. Важно е да не се плашат да кажат гласно и јасно како се чувствуваат.


Риби
2018та ќе биде многу посебна година за рибите, бидејќи големи се шансите да ја запознаат љубовта на вистински и длабок начин. Можно е и оваа врска еден ден да прерасне во брак. Се што треба е да дозволите на својата сензитивност да ја препознае таа личност. Немојте да ги занемарите невербалните знаци кои ќе ви бидат упатени.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар