Љубов, навика, интерес или зависност- во каква врска се наоѓате?

0

Може да се каже дека секоја љубовна врска е посебна иако има и такви кои дури не ни спаѓаат во љубов. Без разлика на тоа, сите љубовни врски може да се поделат во 9 категории во зависност од тоа што ги поврзува партнерите, какво е нивното однесување еден кон друг, комуникацијата и потребите. Секоја љубовна врска се одликува со различни елементи и притоа не учи на ново искуство.

Во која категорија спаѓа вашата?

1. Зависност

Дали имате постојано потреба од партнер што постојано ќе биде до вас? Дали е тоа потреба само да бидете со некого или е потреба да бидете баш со таа личност што сте моментално?
Ова може да ве збуни доколку не ги преиспитате вашите чувства и потреби пред да започнете нова врска. Често луѓето не знаат да разликуваат што значи потребата постојано да се биде со некој или потрбата да споделувате вистински. Ако сте тип на девојка/дечко што никогаш не бил/а без партнер тогаш запрашајте се дали тоа е поради вистинска љубов.

2. Потреба за контролирање
Кога еден од партнерите е повеќе доминантен во врската и превзема таква улога, оттука следат и повеќе правила. Обично ова се случува на почетокот на врските. Едната страна е секогаш повеќе попустлива и се обидува се да и угоди на спротивната, додека пак таа си зема за право да поставува барања а често е свесна за тоа што го прави. Вушност, трикот е во тоа кој побрзо ќе се заљуби, тој ќе слуша. Фрустрациите и несогласувањата почнуваат кога оној што е заљубен ќе сфати дека другата страна не придонесува исто толку за врската а очекува да и се даде.

3. Потреба да заборавите друг
Потребата да остварите врска за да го заборавите бившиот/бившата е врска каде што срцето не е вклучено. Иако двата партнери може да се коректни еден кон друг и им годи вниманието, едноставно не ги даваат своите 100 проценти да бидат со личноста што е до нив. По неупешна врска оставете си време сами на себе. Бидете со себе.

4. Врска што се базира на секс

Во овој тип на врска очигледна е физичката и хемиска привлечност, но често не повеќе од тоа. Иако сексот е одличен и може да остави впечаток на некоја судбинска поврзаност овој тип на врска најчесто е површна и е начин на камуфлажа на вистинскиот карактер , ставови итн.

5. Врска полна ветувања
Иако овие партнери може да изгледаат среќно и задоволно во пазадина често се појавуваат бројни компромиси, ветувања и труд да успее врската. Се карактеризира со силни чувства, но и жртвување што подоцна се одразуваа негативно на врската.

6. Компатибилна романса
За многу ова претставува совршена врска. Партнерите се со слични животни ставови и голема физичка привлечност. Во овој тип на врска не постојат доминантни страни, односно оној што се труди помалку или повеќе постојано се менува. Генерално, во овој тип на врски нема барања за промена на карактер. Партнерите се почитуваат и прифаќаат какви што се.

7. Драматични врски
Врска со постојан стрес. Овој тип на врски односно овие партнери постојано се во драматични односи и конфликти, постојано скарување и смирување. Двајцата или барем еден од нив оди секогаш од крајност во крајност, еден ден е полн со љубов и задоволство додека пак другиот ден е хистеричен и подготвен за драми.

8. Врска од навика
До овој тип на врска доаѓа кога парнерите се веќе долго време заедно, се познаваат и чувствуваат сигурност еден кон друг. Често недоставува страст или им недостига друга занимација. Овој однос во принцип е стабилен, постои љубов, а повеќе се базира на навика и пријателство.

9. Врска од интерес
Овој тип на врска се основа врз надворешниот изглед на партнерот, парите, друштвениот статус и слично. Не станува збор за вистинска поврзаност помеѓу партнерите и обично е од интерес.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.