„Љубов на прв поглед“ со Estee Lauder Pure Color Love кармините

0

Кој кажа дека не постои љубов на прв поглед? Estee Lauder Pure Color Love карминот за усни ни доаѓа на пазарот со 20 нови нијанси и со два различни финиши – мат и крем и со многу љубов.

Чувствувајте се слободно и експериментирајте! Со овошниот коктел од три различни видови на масла: шипка, манго и акаи, Вашите усни се нежни и меки, со заводлив мирис на ванила. Комбинирајте различни нијанси, нанесете повеќе слоеви или нагласете ги усните со само една нијанса која совршено му одговара на вашиот тен, стил или пак целокупен изглед.

Креирајте го Вашето совршено секојдневие обоено во кармините на Estee Lauder, Pure Color Love, различни нијанси за различни стилови и различно секојдневие!

Можностите се бесконечни, како и во самата љубов – не постојат правила.

Pure Color Love кармините се создадени да се носат на било кој начин.

Производите може да ги најдете во продажните салони на Anabella Beauty Spot Macedonia.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот