Љубов, музика и вино – Рамстор мол го претвораме во Валентино

0

За вљубените секој ден е денот на љубовта, а пак за љубителите на доброто вино, секоја прилика е повод за наздравје. Но, спојот на овие две убави работи е токму на 14ти Февруари, кога целиот свет слави и изразува љубов.

По тој повод, Рамстор Мол се претвора во Валентино, во центар на љубовта и виното. На своите купувачи им нуди програма за вистинско љубовно доживување. Жива музика на харфа, дегустација на вината на Тиквеш и слатки подароци – се само дел од љубовната атмосфера која ќе се приреди во среда. Убавиот амбиент ќе биде поттикнат и преку љубовен предизвик на инстаграм профилот на молот кој е веќе започнат и преку кој ќе се доделат бројни подароци.

Не очекува еден од најубавите празници. Да наздравиме за љубовта заедно!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.