Љубов која трае цели 65 години

0

Ванда и Џо се пар кој на светот му покажа дека љубовта може да трае цели 65 години .

Фотографката и нивна внука, Шајлин Нелсон го овековечила моментот на прослава на љубовта и несебично го сподели со јавноста.

Нивната љубов и искра во очите се забележува од фотографиите каде тие изгледаат толку заљубени.

Нивните љубовни изјави се искрени и полни со посветеност и наклонетост еден кон друг.

13912653_10210784511236715_2276920498328538450_n

“Тој ми засади рози под прозорецот од спалната кога куќата беше направена” – изјавила Ванда.

Додека Џо на ова додава: “Ванда е розата на мојот живот која има трнчиња тука и таму, но затоа ја сакам”.

13726636_10210784509676676_5891305057181769268_n

Во писмо до Ванда, Џо ги кажува чувствата за неа, кои се исти како првиот ден:

“Одејќи низ животот заедно…Но, некако патеката се скратува. Моја драга Ванда, помина многу време откако последен пат ти напишав писмо. Мислам дека беше кога работев во Канада, да, тогаш последен пат ти напишав.

13879239_10210784511036710_135723452211433314_n

Како и да е, се уште те сакам многу, дури и повеќе од претходно. Годините поминаа навистина многу брзо. Едно утро се разбудив и веќе бевме стари. Но, никогаш не би ги заменил и променил, дури да ми го понудат целото злато на Алјаска. Имавме три деца и беше многу забавно да ги растеме…

13934834_10210784510956708_5634193590790485379_n

Ќе го завршам ова писмо со тоа што ќе ти кажам дека те сакам денес како и денот кога те земав за жена!”

13902571_10210784511116712_8545296352976771302_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.