Љубојно – местото каде љубовта е почетна станица

0

Македонија има толку убави места кои чекаат да бидат посетени, а ние забораваме на нив. Имаме села, градови, кои раскажуваат цела една историја и многу лични приказни врзани за нив.

Едно од тие места е и селото Љубојно. Тоа се наоѓа во јужниот дел на Општина Ресен на околу 2 км источно од Преспанското Езеро, на надморска височина од 920 метри, вгнездено во западните пазуви од планината Баба.

ljubojno 2

Место каде секогаш ќе се почувствувате добредојдени, а штом еднаш поминете таму ќе сакате да се вратите повторно.

Од градот Ресен селото Љубојно е оддалечено 28 километри. Во историските извори, ова село е забележано како Љубовино. Тоа се совпаѓа со едно предание според кое името на ова место дошло по првонаселената меанџика Љуба, која точела многу убаво вино. Кога муштериите влегувале во меаната гласно нарачувале „Љубо, вино“.

Друга верзија за името според народните преданија, Љубојно своето име го добило од зборот „љубов“. Поточно, многу одамна се вљубиле момче и девојка од соседните населби, но поради лоши соседски односи на жителите од населбите, младите не смееле да се земат.

ljubojno 1

Меѓутоа, тие сепак одлучиле да се земат и да побегнат. Се доселиле во близината на реката и останале среќно да живеат. Подоцна, во близината на местото на вљубените се доселиле други семејства и поради тоа, местото го нарекле Љубојно.

Тоа е само една од приказните проткаени во историјата на Љубојно. Пробајте и вие да создадете нова историја на местото каде љубовта е почетна станица.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.