Љубаништа: Магична хармонија на природата која секогаш не враќа назад

0

Веруваме дека повеќето од вас низ семејните фото албуми имаат доста фотографии од летните одмори поминати со семејството во познатиот авто- камп Љубаништа крај Свети Стефан. Ако некогаш Љубаништа важеше за комерцијална плажа на која не можеше да се фрли игра, денес плажата се уште живее и е атрактивна во текот на летото, но со некој поинаков редуциран шмек кој се уште го задржал печатот на минатото.

Љубаништа е стара населба. Прв пат се споменува во 1582 година, кога тука живееле 70 христијански домаќинства. Постои предание дека за време на османлиското ропство селото било чифлик на познатиот Џеладин-бег од Охрид. Бегот подоцна го поклонил селото на манастирот Св. Наум, а жителите ја обработувале манастирската земја како исполџии.

10513487_10152240142464067_1376273869012128113_n

Денес, Љубаништа е еден од преживеаните кампови на охридското крајбрежје, а дел од туристите се уште знаат да уживаат во кампувањето, кујната покрај шатор, изгрејсонцето на плажа, семејните игри, уживањето во водата, спиењето во природа и секако доживувањето на прекрасното зајдисонце.

Ако поминале многу лета откако не сте биле на Љубаништа, претстојното дефинитивно треба да размислите за една поинаква летна авантура на една од најубавите охридски плажи, па макар и на еден ден.  Кампувањето или летувањето во шатор е неповторливо искуство кое се планира со време. Ако сте меѓу оваа група авантуристи, тогаш ова сигурно добро го знаете, па со приближувањето на летната сезона веќе ги кроите првичните идеи.

11935676_872090929537093_6256557285627294984_o

На Љубаништа никогаш нема да бидете сами, но мир и релаксација нема да ви недостигаат. Иако пред се доаѓаат семејства кои кампуваат, оваа плажа е атрактивна и за помладата генерација која не недостига ниедно лето.

Дебелите сенки сака да ги има секој над својот камп, но дарежливата природа има парче оаза за секој. Водата е проѕирна како солза, плажата долга и прекриена со ситни камчиња, погледот еден и единствен, а доживувањето – неповторливо.

Плажата е будна уште од раните утрински часови. Едни се расонуваат со пливање, други пак ги фаќаат првите зраци за сончање и се така до залезот на сонцето и следното утре.

Македонија наистина ни нуди природен раскош кој вреди да го искористиме, а Љубаништа е како создадена за тоа.

11885375_10207696687314754_3696263504124178119_n

10393870_797927496892624_5955004576153269174_n

10378133_10207284649304176_4120497168819391773_n

542359_400650863332876_922599278_n

25742_1396180345059_3313597_n

29311_1500006177122_3043915_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

фото:фејсбук