Liquid Illusion – моќен мирис кој ќе Ве одведе на патување низ светот, таму каде што ги снемува границите на физичкиот свет

0

Liquid Illusion е повик за транс. Дозволете си себеси да Ве воодушеви овој моќен мирис кој ќе Ве одведе на патување низ светот, таму каде што ги снемува границите на физичкиот свет, каде што душите се топат, а чувствата стануваат посилни. Целосно легално, Juliette ви дава одлична причина да станете зависник од нејзината нова композиција и да ја ширите околу себе.

Тука има две супстанци – ирис и хелиотропин. Заедно се однесуваат како ослободувачки стимуланс кој ги загрева Вашите сетила, како и сетилата на луѓето околу Вас.

Пaрфемот влијае на нервниот систем, бидејќи на позитивен начин го условува нашето расположение и очигледно нашите желби.

„За најновиот еликсир црпев инспирација од идејата за вештачки рај: зошто ваквите „патувања“ да бидат предизвикани само од земање на некои супстанци или пак од дишење на некаков чад, наместо по поубавиот начин, миризливиот начин?

За време на истражувањето се сретнав со состојките: хелиотропин, пријатен мирис на бадеми и присуство на љубичица. Но кога навлегов повеќе во истражувањето, открив дека тоа всушност е една од состојките на дрогата екстаза, поточно MDMA: психостимулантен халуционоген молекул од семејството амфетамини.

За да ја набавите оваа состојка од лабораторија, мора да докажете дека сте квалификувани за тоа.

Дали сте подготвени да истражите нови мирисни териотории? Ова е мојот дел од предлогот. Со оглед на тоа дека формулата содржи ирис, ко во комбинација со хелиотропин формира експлозивен коктел?

Во секој случај, мене ми се допаѓа идејата – а Вас“?
-Romano Ricci