Ликовите во шпилот карти имаат имиња

0

Знаете ли дека и кралевите и дамите и џандарите во шпилот карти имаат имиња? Тие не се случајно избрани фигури, напротив, секој од нив претставува по една историска личност.

Играта датира од 15 век во Франција и дури и во тоа време во шпилот карти постоеле 12 карти со ликови, а на секоја од нив пишувало кој е човекот кому му припаѓал ликот.

Крал срце – Францускиот крал Карло Велики.

Крал детелина – Александар Велики.

Крај лист – Израелскиот крал Давид.

Крал коцка – Јулиј Цезар.

Дама срце – библиска личност, убавата вдовица Џудит која ја искористила својата убавина и итрина да му ја исече главата на асирскиот војсководец Холоферн.

Дама коцка – Рахила, втората жена на пророкот Јаков и мајката на Јосиф и Венјамин.

Дама детелина – Аргеја, митолошка принцеза од Арг.

Дама лист – Грчката божица Атена.

Џандар срце – Етјен де Винјолес, соборец на Јованка Орлеанка.

Џандар детелина – Јуда Макавејски, херој на еврејската буна против владеењето на Селеукид.

Џандар лист – Холгар, личност од данската епска поезија.

Џандар коцка – грчкиот херој Хектор, син на тројанскиот крај Пријам и соперник на Ахил, овековечен во Хомеровата „Илијада“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар