Ликовите од боенките можат да оживеат!

0

Компанијата Disney Research развила апликација која ликовите од боенките на Вашите деца и Вашите цртежи ги претвара во виртуелни, кои се движат околу екранот како цртани ликови во 3D.

Апликацијата работи така што треба да обоите еден од ликовите во боенката и да ја стартувате Дизниевата апликација за боење на својот мобилен телефон или таблет. Таа го користи фотоапаратот од Вашиот уред за да открие кој лик сте го обоиле, а потоа со посебен софтвер за претварање го трансформира дводимензионалниот лик во 3D, а Вие тоа го гледате на екранот. Целта не е овие апликации да го заменат класичното боење на хартија туку само да го збогатат искуството додавајќи му „магичен дигитален слој“.

Можеби се чини дека апликацијата е само уште една технолошка задача, но Дизни велат дека досега има позитивен фидбек од корисниците. Во почетните тестови поголемиот дел од нив се изјасниле дека апликацијата ја зголемила нивната мотивираност, а дури 80% од корисниците изјавиле дека апликацијата им овозможила да го зголемат чувството на поврзаност со ликот. Достапна е на Google Play и iTunes.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот