Ликовен симпозиум со меѓународен карактер „Струга 2016“

0

Вкупно 38 реномирани уметници од 22 држави во светот ќе учествуваат на првиот Меѓународен ликовен симпозиум „Струга 2016“, што од 28 април до 4 мај годинава ќе се одржува во Струга.

Организатори се Здружението за уметност и култура SILINDAR’T под покровителство на општина Струга. Куратор на изложбата е ликовниот уметник Бурхан Ахмети со координаторите Бајрам Џелили, Верим Зендели и Хилми Мехмети.

Во Струга ќе гостуваат уметници од САД, Италија, Франција, Русија, Холандија, Белгија, Белорусија, Украина, Саудиска Арабија, Азербејџан, Канада, Тунис, Босна и Херцеговина, Швајцарија, Црна Гора, Романија, Србија, Бугарија, Турција, Косово, Албанија и од Македонија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.