Лига на Шампиони: Баерн со спектакуларен пресврт, Барселона рутински

0

Баерн од Минхен и Барселона се последните патници во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.

Последните натпревари од оваа фаза ги одбележа спектаклот на Алијанц Арена каде Баварците дури после продолженијата успеаа да направат пресврт и да го елиминираат Јувентус со 4-2 откако претходно губеа со 0-2 и успеаа во последните минути да изедначат.

Резултатот го отвори Пол Погба уште во 6-та минута после недоразбирањето помеѓу Алаба и Нојер. А веќе во 28 минута Алваро Мората успеа да направи феноменален продор, го претрча целиот терен, му асистираше на Квардадо, кој првин успеа мајсторски да го излета Филип Лам и да реализира за шокантни 0-2 за Јувентус.

Почетокот на второто полувреме Јувентус сеуште доминираше, а голот на Баерн висеше во воздух. Според играта, никој не можече да очекува дека на крајот ќе се случи она што се случи. Јувентис после 64 минута се затвори и почна да игра дефанзивно, тактика која на крајот скапо ја платија. Во 73 та минута Левандовски биеше со глава после центар шутот на Коста, и го намали резултатот на 1-2.
До 90 та минута Баварците кружеа околу голот на Јувентус но без успех, додека играчите на Јуве пробаа со класично катанаџо. Но во 90 та минута, после грешката на Патрис Евра, Коман нафрли а топката со глава повторно во мрежата ја смести Милер.

лш 2

Првото продолжение не донесе многу возбуди. А како клучна се покажа замената на Гвардиола кога го стави во игра Алкантара, кој после комбинацијата со Милер погоди за 3-2 и ерупција на Алијанц арена. А две минути покасно Коман со прекрасен гол ги постави конечните 4-2.

Во вториот меч, Барселона само го потврди лесниот помин со 3-1 во четвртфиналето после победата од 0-2 во гости над Арсенал.

После водечкиот гол на Нејмар во 18 та минута, топџиите успеаа да изедначат во 51 та минута со прекрасниот гол на Мухамед Елени.
Но Суарез со евроголот од волеј во 65 та и Лионел Меси во финишот го потврдија учеството во четвртфиналето.

лш3

Ждребот за четвртфиналните парови ќе се одржи на 18 ти март во Нион, а првите натпревари ќе се играат на 5 ти април.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот