Лежерна романтика во колекцијата „Ресорт 2017-та“ на Зухаир Мурад

0

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад, ја лансираше својата нова колекција за Пролет 2017- та година, а како и секогаш љубителите на модата останаа воодушевени од елегантните и луксузни материјали како и од екставагантните модели.

Тој се прослави во светот на модата токму преку уникатноста и луксузот на одбирање на материјали како и од рачната изработка на сите детали кои дополнително ја прават креацијата гламурозна.
„Ресорт  2017-та“ е името на колекцијата и претставува најгламурозна понуда со оживување на духот на седумдесетите години.
Инспиран од фотографот Дејвид Хамилтон и сликарот Андриј Русо, Зухаир Мурад ја создаде колекцијата која содржи детали по кој тој е познат, како и припиената силуета истакната преку неговите модели.
Лукбукот на колекцијата е направен со егзотични тропски декорации каде што зеланата боја преовладува и е совршена за прикажување на топлите летни денови.
Иако дизајнерот е познат по гламурозните фустани, честопати на црвениот килим може да видиме нова креација од него со спортски вибрации.
Фармерки со вез, сечени маици, бомбер јакни и сл. „Ресорт 2017“- колекцијата веќе се најде на насловните страници на познатите часописи ширум светот, погледнете!
luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (1) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (2) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (3) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (4) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (5) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (6) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (7) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (8) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (9) (1) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (9) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (10) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (11) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (12) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (13) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (14) luksuz-moda-fashion-trend-kolekcija-zuhair-murad (15)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар