Летово книгите нека ви бидат неопходен аксесоар на плажа

0
Sunscreen Sunglasses Towel Book Recess Relax Concept

Деновите на плажа се совршени за да прочитате неколку книги плус, а ако сте љубител на неизвесни и опасни приказни, ги имаме совршените предлози за вас.

Со затворени очи – Џош Малерман

Светскиот бестселер „Bird Box“ раскажува приказна позиционирана во иднината каде ако сакаат да преживеат, луѓето едноставно не смеат да гледаат. Со само еден директен поглед на дневната светлина, следува болна смрт! По 5 години опасност, Малори и нејзините две деца тргнуваат во потрага на безбедно место каде што нема опасност од заканата.За да биде уште повозбудлив, патот води низ река долга 30 километри која мора да ја поминат со врзани очи.
Дали ќе успеат да се спасат?

Без збогување – Линвуд Баркли

Возбудлив трилер кој се чита во еден здив, приказна за 30 годишната Синтија Биж и нејзиниот 25 годишен немир по исчезнувањето на целото нејзино семејство, без трага. Кога конечно решава да дознае што се случило таа ноќ, почнува да копа опасен и емотивно турбулентен тунел и полека да ја расплеткува мистеријата. Дали некои прашања воопшто требало да бидат поставени?

 

Манипулаторот – Давид Унгер

Гиљермо Розенсвајг има успешна адвокатска кариера, жена и деца како и низа прекрасни љубовници. Живее среќен и успешен живот се додека патиштата не му се вкрстуваат со либанската занесна убавица Маријам, во која вртоглаво се заљубува. Во моментот кога ја губи, очајот го преовладува и решава да ја исценира сопствената смрт.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот